ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ и Али Ахмети не одлучуваат дали ќе ја напуштат владата, СДС треба да се охрабри за подадената рака за преодна влада

 

Лоша вест е тоа што не одлучува ДУИ и Али Ахмети дали ДУИ ќе ја напушти владата. СДС треба да се охрабри и да ја прифати подадената рака за преодна влада, реагира ВМРО-ДПМНЕ по денешната седница во ДУИ.

На состанокот ДУИ го реафирмираше ставот дека е подготвена да ја напушти Владата уште истиот ден кога ќе стапат на сила уставните измени, ако тоа е услов за поддршка од ВМРО-ДПМНЕ при гласањето.

ВМРО-ДПМНЕ претходно изрази подготвеност да гласа за уставни измени, ако по нивното усвојување биде формирана преодна влада во која нема да биде ДУИ, но едно од опозициските барања, каде што се разидуваат со интегративците, беше уставните измени да стапат во сила во моментот кога Македонија ќе влезе во ЕУ, а не веднаш по гласањето.

10.06.2023 - 23:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега