ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ го користи Ковачевски како греач на фотелја за премиер од ДУИ, а во меѓувреме тераат криминал со надзорот од 22 милиони евра

„ДУИ го гледа Ковачевски само како чувар на фотелјата за премиер од ДУИ, тој за нив нема никаков авторитет.“ - велат во своето соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

-Полека но сигурно се покажува кој е вистински газда во владата, а кој е негов извршител. Ковачевски е марионета на Груби и Османи.

Прилично непријатна улога на Ковачевски кој е премиер во периодот кој мора да се премости од неговиот претходник до неговиот наследник.

За тоа како се договорени треба да си каже самиот Ковачевски, а ова е доказ дека власта троши време само на комбинаторики и тендери наместо да решава проблеми.

Ковачевски само живее во заблуда дека е премиер, во реалноста, од ДУИ му ги бројат деновите кога ќе си замине.

Бујар Османи јавно го посрамоти Ковачевски и на отворена сцена го кажа тоа што сите го мислат, дека Ковачевски е само греач на фотелја.

Ковачевски има улога на англиска кралица, додека тој мисли дека е премиер, Груби промовира надзор од 22 милиони евра со фирма за гаќи, ја срамоти државата и го минира проектот.

ДУИ само го користи Ковачевски за криминал и за чување на позицијата за премиер од нивната партија.- додаваат во своето соопштение.

17.03.2023 - 09:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега