ВМРО-ДПМНЕ: Додека владее тешка криза за граѓаните, службеници на Владата се луксузираат под прикритие како новинари

Вработени во  службата за општи и заеднички работи при Владата, како новинари, на државен трошок престојувале во Софија,  Бугарија три дена од 24 до 26 јануари. Кај ги прикривале како новинари, па и скапо го плаќале нивниот престој. За  шест лица вработени во Владата, според написите на медиумите биле обезбедени шест хотелски соби со полн пансион, за три дена, иако посетата била дводневна, плус дополнителен превоз со возила од Владата.

Ете ова е луксузот на Власта во време на криза. Додека ги убедуваат просветните работници дека нема доволно пари за законското покачување кое им следи, додека нема исплатени субвенции во образованието, додека нема ефективни мерки за зауздување на инфлацијата, оваа власт продолжува со трошењето народни пари за хотелски услуги, патувања и слично.

Да потсетиме дека стотици милиони евра од буџетот се наменети за непродуктивни трошења, луксузи и задоволства на власта. Во време на криза потрошија 2,5 милиони евра за службени возила, а дополнителни 2 милиони евра само на мебел, кафиња и режни цвеќиња.

Народот го плаќа скапо луксузот на власта. Ова мора да престане. Оваа власт е извор на скандали и кризи и мора да си замине.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
23.05.2022 - 09:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега