ВМРО-ДПМНЕ: Додека граѓаните стануваат се посиромашни,власта си дели милионски тендери на криминален начин

Режимот на Заев е недемократски, хибриден, коруптивен и антимакедонски, велат преку соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека криминално рекетарската влада на СДСМ и Зоран Заев ја довлечка државата на дното на Европа и Светот според индексот на корупција.

 

„На листата на Транспаренси Интернешнал, Македонија се најде на 106 место во друштво на Монголија и Брегот на Слоновата Коска, податок кој говори дека власта предводена од аболицираниот Заев и неговиот наследни Оливер Спасовски штити криминал и тоне во корупција на највисоко ниво.

Македонија бележи фрапантен пад за 13 места според Индексот на корупција, што дополнително го потврдува фактот дека проблемот со криминалот, корупцијата, рекетирањето ескалира, а институциите не реагираат под притисок на власта.

Според угледното списание „Економист“ Република Македонија е оценета како хибриден режим што претставува исклучително поразителна оценка за владеењето на правото и правната држава.

Македонија е земја во која кршењето на законите, селективната правда, узурпирањето на институциите стануваат редовен декор.

Затоа инвеститорите бегаат, а економијата тоне. Затоа Македонија е земја од регионот со најнизок раст на платите за 2019 година, а според Евростат дури 36,9 проценти од домаќинствата имале проблеми со навремено плаќање на режиски сметки во изминатите 12 месеци.

Додека граѓаните стануваат се посиромашни, високите функционери од власта си делат милионски тендери на криминален начин.

Македонија мора да се справи со корупцијата. Недопирливоста на одговорните за корупција е секојдневие кое треба да се искорени, а синџирот на корумпираност во високите кругови на власта на СДСМ мора да се прекине.

На 12-ти април доаѓа обнова на Македонија. По 12-ти април следува одговорност. Заев и СДСМ – никогаш повеќе“ велат во соопшетие од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.01.2020 - 08:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега