ВМРО-ДПМНЕ: Денес се кажа НЕ на лошите политики на СДСМ, не се дозволи депонија на хаварисани возила во Драчево

Денес на Советот на Град Скопје се направи мал чекор за советниците во Град Скопје но голем бенефит за граѓаните на Драчево и Батинци! Денес требаше да се донесе одлука за депонија на хаварисани возила во Драчево, советничката група предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ се спротивстави на таа одлука. Денес на Советот на Град Скопје преовлада ум, разум, слух за потребите на граѓаните. Денес дел од советниците на Град Скопје рекоа НЕ на лошите политики на СДСМ, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

-По два часа дискусија дали е потребно депонија на напуштени, хаварисани и нерегистрирани моторни возила да биде КП 1717КО Драчево 2 и КП 1718 КО Драчево 2 во општина Кисела Вода, Одлуката не доби мнозинство и не се усвои. Дел од советниците на Град Скопје решија дека граѓаните заслужуваат здрава животна средина! Време е да се стави крај на лоши политики на СДСМ кои го загрозуваат здравјето на граѓаните, велат од партијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.09.2020 - 15:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа