ВМРО-ДПМНЕ: Дали Владата веќе го прифатила предлогот од Париз?

 

Дали Владата веќе го прифатила предлогот од Париз, информациите говорат дека е усогласен со МНР?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Според нашите информации, предлогот од Париз е усогласен преку канали на комуникација со МНР во Македонија, односно Ковачевски го одобрил пред официјално да биде испратен. Предлогот за решавање на спорот е многу полош за Македонија од сите предлози претходно. И тој предлог значи асимилација на Македонците и насилна бугаризација доколку сакаме да влеземе во ЕУ. Со евентуално прифаќање на овој предлог СДСМ и ДУИ им нанесуваат трајна штета на Македонија и Македонците“, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Ковачевски, додаваат од оваа партија, не треба да чека ниту ден и веднаш уште денеска да го отфрли предлогот.

„Ковачевски да се охрабри и да застане на линија со државните интереси“, истакнуваат во напишаната реакција од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

21.06.2022 - 17:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега