ВМРО-ДПМНЕ: Дали најавената помош за економијата ќе ја добијат тендер милениците на СДСМ, а народот повторно ќе извиси?

Дали најавената помош за економијата ќе ја добијат тендер милениците на СДСМ, а народот повторно ќе извиси? Ова прашање го поставуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ до владејачката СДСМ, откако портпаролката Богданка Кузеска ја информираше јавноста за новите мерки кои се планираат за стабилизација на економијата на државата.

„Дали помошта со која се фали СДСМ повторно ќе заврши на сметките на неколку фирми блиски до нив, кои се и редовни добитници на државните тендери, или сега има нов клуч на распределба на пари на нивни блиски фирми?

Во изминативе години се повеќе фирми ставаат клуч на врата, а функционираат само неколку миленици на власта.

Или можеби помош ќе добијат вечните должници на УЈП од семејството Заеви, за кои не важат законите и покрај долгови за неплатен данок функционираат и работат, за разлика од фирмите на граѓаните кои не смеат да си дозволат ниту еден ден доцнење.

Видовме колку СДСМ се грижи за економијата. И фирмите и граѓаните плаќаат скапа струја, скапо парно и немаат достап до евтин енергенс.

Инфлацијата го јаде стандардот, а реални мерки нема ниту на повидок“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

30.07.2022 - 14:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега