ВМРО-ДПМНЕ: Дали Јовче Ременски е вмешан и во исчезнувањето на двата телефони на неговата сопруга

СДСМ го крахираше безбедносниот систем на Република Македонија. СДСМ ги загрозува НАТО аспирациите преку непочитување на принципите за постапување со класифицирани информации. Ова денеска го велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Соработникот на Зоран Заев, Јовче Ременски, висок функционер во УБК, а сега АНБ, изнесувал класифицирани информации, списи и докази и ги чувал како архива во сопствениот дом, спротивно на сите закони и процедури. Пронајдените документи со имињата на сите инволвирани полициски службеници, сведоци, докази и соработници во случаите Монструм и Диво Насеље во домот на Јовче Ременски, отвораат сомнеж за неговите намери. Дали Јовче Ременски е вмешан и во бришењето и исчезнувањето на двата телефони на неговата сопруга, осомничена во случајот Рекет? Агенцијата за Национална Безбедност е под целосен сомнеж дека е под контрола на СДСМ исоработниците на Заев, како што е Јовче Ременски. Од таму нема ниту отворена постапка за истрага на случајот, ниту суспендирање на Ременски. Сите од власта молчат за овој скандал, велат тие.

МВР и Оливер Спасовски очигледно е дека не можат да гарантираат за безбедноста на материјалите, а не пак да гарантираат за безбедноста на целата држава. Уште колку функционери ма СДСМ си имаат дома архиви од класифицирани материјали?

- Криминалните афери се множат, а властите молчат и се штитат еден со друг. Одговорноста ја одбегнуваат, но не за долго. Граѓаните не сакаат да живеат во крахирано општество. Тие ќе бидат тие кои што ќе ја пратат СДСМ во историјата на 12 април 2020 година, додаваат од опозицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.11.2019 - 10:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега