ВМРО-ДПМНЕ: Царовска и Георгиевски ги манипулираат граѓаните на Гази Баб

Мила Царовска и Борче Георгиевски ги манипулираат граѓаните на Гази Баба. СДСМ вети 5 нови градинки. Три години како се на власт, само една градинка е отпочната, а четири не се ниту на повидок, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Мартин Ристов.

„СДСМ вети многу, а не реализира ништо. Градинката во Стајковци која ја ветија, а само фрлија камен темелник, цела година не е мрдната од мртва точка. Царовска и Георгиевски ветија изградба на нови градинки во Трубарево, Инџиково, Сингелиќ и Ќерамидница, три години СДСМ е централна власт, а две години локална, овие градинки не се ниту отпочнати. СДСМ имаше три години да го реализира ветеното, тие не направија ништо. Затоа на 12 април си заминуваат“, стои во реакцијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.11.2019 - 11:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега