Во реакција на јавните обвинувања од Левица, ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека Левица и нејзиното раководство шират неточни информации и лажни приказни, се вели во реакцијата на партијата.

Според соопштението, јавноста веќе имала можност да се запознае со кадрите на Левица, при што се истакнуваат пропусти во знаењето и компетенциите на некои членови, вклучително непознавање на бројот на јавни претпријатија и средни училишта во Скопје, како и непознавање на градската инфраструктура и проектите во програмата на партијата.

„Овие лажни вести се обид за глумење на жртва и манипулирање со јавноста“, се вели во реакцијата. ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека јавноста ќе ја препознае вистината за ваквите обиди за дезинформација.

Exit mobile version