ВМРО-ДПМНЕ: Активната блокада продолжува летово, ако нема договор за избори преминува во целосна блокада на институциите

ВМРО-ДПМНЕ порача дека активната блокада ќе продолжи летово, а доколку нема договор, тогаш ќе премине во целосна блокада на институциите.

„Во текот на летото ВМРО-ДПМНЕ ќе преземе разни протесни активности ширум државата.

Тимови од ИК на партијата и пратениците ќе ги посетат сите населени места со цел општа мобилизација на народот против власта која секој ден се повеќе не осиромашува.

Доколку Ковачевски и Ахмети и понатаму ја игнорираат потребата од избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе пристапи кон целосна блокада на институциите, на патиштата се до договор за избори.

Штетата која се предизвикува со владеењето на СДСМ и ДУИ е поголема од било која друга штета. Предвремени парламентарни избори се нужни за формирање на нова влада која ќе ја извади државата од кризите, ќа стави крај на криминалот и корупцијата. Потребни се промени. Народот бара промени. Колку и СДСМ и ДУИ да се трудат да ги спречат промените тие ќе дојдат“, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

20.06.2022 - 09:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега