ВМРО-ДПМНЕ: 670 деца за едно полугодие се испишале од училиштата од Македонија, заради СДС се зголемува бројот на иселени

 
„Катастрофалните политики на СДС и Димитар Ковачевски ја празнат Македонија. 
 
Драстично расте бројот на иселени млади од државата во потрага по подобар животен стандард и услови. Само во првото полугодие се испишале повеќе од 670 ученици, односно 150 деца од училиштата во Штип и Кочани. Во Куманово 180 деца, додека од Тетово заминати се над 200 ученици, од Прилеп за само едно полугодие оваа година заминати се повеќе од 130 деца, додека пак 36 ученици се испишале од Кавадарци. 
 
Бројките се фрапантни. Младите единствен спас за подобра иднина гледаат надвор од државата. 
 
Од градиме држава во која младите напредуваат, реториката на СДС треба да гласи носиме штетни политики и забрзано ги иселуваме младите од државата. 
 
Сите истражувања изминатите 6 години откако СДС и ДУИ се на власт покажуваат големо незадоволство и разочараност кај младите. Една од причините е високата партизација во јавната администрација, катастрофалното образование и здравство, како и не можност за личен напредок и развој на младиот човек во Македонија. 
 
Власта не нуди ниту можност, ниту пак креира политики за младите луѓе. Со СДС и ДУИ се поголем број на млади луѓе својот спас го барат надвор од границите. И затоа се потребни промени и предвремени избори."- стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
07.02.2023 - 09:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега