ВМРО-ДПМНЕ: 1.718 луѓе починаа чекајќи ја вакцината

Филипче, не фали се со донации, до каде се вакцините кои требаше да стигнат? Додека ти глумиш портпарол народ умира, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, 1718 лица починаа од први јануари до денеска.

-1718 лица починаа додека ја чекаат вакцината, која Филипче никако да ја набави. Благодарност до Србија, а сега и до ОАЕ, но до каде се вакцините кои Владата требаше да ги купи? Македонија со Филипче и Заев на чело е единствена држава која има вакцинирано повеќе народ со вакцини од донации отколку со купени вакцини. Полека се ситнат деновите и од април, а вакцини нема. Единствен начин да излеземе од пандемијата е вакцинацијата. Со секое одлагање на овој процес народот губи, се вели во дописот од опозициската партија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.04.2021 - 12:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа