Влошена здравствената состојба на Чедомир Јовановиќ - приклучен на кислородна поддршка

На лидерот на ЛДП, Чедомир Јовановиќ, како што наведуваат српските медиуми, му била влошена состојбата и е префрлен во друга болница.

Јовановиќ пред неколку дена беше примен во болница заради воспаление на белите дробови, беше потврдено од неговата партија ЛДП.

Според денешните пишувања на медиумите, неговата состојба е влошена и тој се наоѓа во дел во болницата во кој се пациенти приклучени на кислородна поддршка. Тој е наводно префрлен во Клиниката за инфективни и тропски болести на Клиничкиот центар во Србија и здравствената состојба му е влошена.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.07.2020 - 12:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега