Со изгласувањето на реконструкцијата на Владата, Собранието потврди дека процесот на промените продолжува, се вели во соопштението од Вреди.
-ВЛЕН влегува во нова фаза на владеење со зголемена одговорност и со кадри кои ги олицетворуваат професионалноста, знаењето и интегритетот. Професорот Jетон Шасивари ќе раководи со Министерството за правда, Агон Ферати ќе биде министер за односи меѓу заедниците, додека Седат Сулејмани ќе го предводи Министерството за култура и туризам. Од оваа реконструкција, ВЛЕН излегува уште посилен политички, со вкупно 6 министерства (силно продолжуваме и со нашите кадри во економија, животна средина и евроинтеграции), со мисија да изградиме посилни институции и чесно да им служиме на граѓаните, велат од ВЛЕН.
Според партијата, ова не е само промена на имиња. Ова е јасна порака дека институциите треба да им служат на граѓаните, а не на партиските интереси. Ова е крај на логиката на привилегиите и почеток на пристап што се мери со работа, резултати и одговорност.
-Со нова енергија, подготвени кадри и јасна визија, ВЛЕН ќе продолжи да биде гласот на граѓаните и гарант на реформите што ја движат државата напред. Затоа, нашите министри ќе бидат оценувани според нивната работа, реформите и резултатите што ќе ги постигнат за нашите граѓани. Така градиме силни институции, го штитиме јавниот интерес и докажуваме дека политиката може да се води со достоинство, професионалност и визија. Со ВЛЕН, промените продолжуваат, велат од ВЛЕН во соопштение за јавноста.


