Влегувале во градинка во Охрид, па си јаделе од храната од кујната - уапсени тројца малолетници

Непоканети гости, повеќе од две недели, влегувале во детската градинка „Росица“ во Охрид. Земале од храната во кујната, готвеле јадење, а празните чинии и останатиот прибор го оставале во занималните, каде што престојуваат децата. Вработените за Алсат раскажале каква била сликата во градинката секое утро.

„Секое утро кога доаѓаме, наоѓаме отворени прозори, отворени врати, потоа искористена храна од сите наши занимални. Искористувани некои предмети од кујната, како тенџериња, лажици. Изнесувани надвор од градинката, што за нас е навистина страшно во ова време на пандемија. Нашиот главен страв е што се случува со креветчињата, со масичките, каде нашите деца јадат и спијат и за тоа сме многу загрижени. Многу храна е земено од кујната, како млеко, вареле чоколино, бисквити. Столчињата каде што седевме забележавме дека се изгазени“, вели Венера Јоноска- учителка во градинката за Алсат.

Таа рекла дека секое утро градинката била дезинфицирана, а случајот пријавуван во полиција.

„Имаме катинари на вратите, но пак наоѓаат начини да влезат. Во две недели беа влезени четири пати“, вели Весна Јорданоска- одговорна на клон Росица.

Полицијата ги уапсила викендов. Станува збор за трoјца малолетници од Охрид, кои биле затекнати при вршење кражба во детската градинка. Тие биле повикани во полициска станица каде во присуство на нивните родители и претставници на Центарот за социјални работи, бил извршен разговор. Од градинката велат дека ќе се обидат со сопствени средства да ангажираат чувар или да постават аларм.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.11.2020 - 15:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега