Влегле со оружје, има повреден: Детали за грабежот во Чаир среде бел ден

Во 10 часот и 36 минути утрово е пријавен грабеж на НЛБ Тутунска Банка во Чаир во Скопје.

Според првичните податоци, неколку лица влегле во експозитурата на банката во Чаир лоцирана на улицата Ферид Бајрам, и со оружје се заканиле, па и ги однеле парите.

Филички бил нападнат 26-годишниот  Е. Е. инаку вработен како обезбедување на банката.

Повредени лица од оружје нема. Веднаш по добивањето на пријавата, презмени се мерки и активности од полициски службеници.

Засега не е познато колкава сума пари е земена.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.04.2019 - 11:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега