Влатко Стефановски: Изолацијата не ми паѓа тешко, си наоѓам нешто да работам

Контактите ми се сведени на нула, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ Влатко Стефановски.

Тој истакна дека самоизолацијата не му претставува проблем и дека постојано наоѓа со што да го исполни времето.

-Самоизолацијата не ми паѓа тешко. Стално наоѓам нешто да работам. Или свирам или правам музика. Пишувам во компјутер и ако уловам некој добар филм уште поарно. Не можам да кажам дека сум пресреќен заради ова што сум дома, но што е тука е.

Стефановски со песна ги поддржа Италијаните во борбата со коронавирусот, но не заборави и на своите пријатели во Загреб.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.03.2020 - 10:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега