Власта и опозицијата не се договорија за СЈО

Во Министерство за правда денеска се оствари првата средба меѓу власта и опозицијата околу предлог законот за Јавното обвинителство со кој се решава и статусот на Специјалното јавното обвинителство. Власта и опозицијата не најдоа заедничко решение за судбината на СЈО. 

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека е неприфатливо СЈО да не одговара пред никого и само да создава буџет, кој никој од надвор нема да го контролира, истакна вечерва Иван Менкиноски кој е претставник на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Министерката Рената Дескоска рече дека за нив е неприфатливо барањето СЈО да биде дел од Обвинителството за организиран криминал, бидејќи според стратешките определби СЈО треба да продолжи како Обвинителство, а не како одделение.

-СЈО треба да продолжи како обвинителство, а не одделение во друго обвинителство. Барањето за прекинување на постапките и нивно одново почнување ќе значи губење на многу докази. Ги презентиравме нашите аргументи за носењето на овој закон. До четврток предлозите треба да ни бидат доставени во амандманска форма, рече Дескоска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.03.2019 - 22:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега