Поранешниот премиер и поранешен специјален владин претставник за односите со Бугарија, Владо Бучковски, влезе во бизнис-сферата и стана сопственик на приватна компанија, објави „Фактор“.

Според податоците од Централниот регистар, Бучковски од крајот на минатата година е единствен сопственик на друштвото „Хербос ДООЕЛ Скопје“, компанија која е основана на почетокот на 2025 година. Фирмата е регистрирана за трговија на големо со пијалаци, а како управител е наведена Елисавета Коваческа Коруноска.

Информацијата ја потврдил и самиот Бучковски, кој изјавил дека неговото деловно ангажирање ќе опфати трговија, посредување и консалтинг. Тој засега не открил повеќе детали, посочувајќи дека за јавноста ќе има време за подетални објаснувања.

По заминувањето од премиерската функција, Бучковски се повлече од активната партиска политика и се врати на академската кариера како професор на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Exit mobile version