Владиниот лирџет принудно слетал на Скопскиот аеродром

Капетанот на владиниот воздухоплов вчера попладнето во контролата на летање на Скопскиот аеродорм пријавил ситуација за итност поради предното тркало и по процедурите безбедно слетал на аеродромот, информираа за МИА од  Контролата на летање М-НАВ.

Авионот на владината Служба за општи и заеднички работи, бил само со летечкиот екипаж, без патници, а летал од Солун за Скопје.

-Капетанот пријавил дека нема индикација оти предното тркало на авионот не е заклучено, поради што пријавил ситуација на итност и побарал од контролорите од Контроланата кула на Скопскиот аеродром да изврши низок прелет со цел визуелна проверка за извлечени тркала. По прелетот контролорите го информирале пилотот дека тркалата се извлечени по што пилотот донел одлука да слета и по кратко време слетал безбедно, изјави за МИА Николче Тасевски, еден од директорите во М-НАВ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.11.2019 - 08:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега