Владина делегација во состав Александар Николоски, заменик-претседател на Владата и министер за транспорт и врски, Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Љутков, министер за култура и туризам; Муамет Хоџа, министер за животна средина и просторно планирање; како и градоначалниците на Општина Охрид и Општина Струга, Кирил Пецаков и Менди Ќира, вчера и денес престојуваа во работна посета на Париз, каде остварија средби со високи претставници на УНЕСКО.
На средбите со генералниот директор на УНЕСКО, Калед Ел-Енани, претседателот на 43-та Генерална конференција на УНЕСКО, Конгкер Мохамад Талха, и претседателот на Извршниот одбор на УНЕСКО, Насер бин Хамад Ал Хинзаб, беше разговарано за значењето на УНЕСКО во современиот свет како единствена мултилатерална организација што промовира дијалог и меѓународна соработка во областите на образованието, науката, културата и комуникациите.
Во фокусот на разговорите беше состојбата на Охридскиот Регион како природно и културно светско наследство, при што беше нагласена важноста од континуирана и навремена имплементација на препораките за заштита, со цел зачувување на неговиот статус на Листата на светско наследство.
За време на средбите беше потврдена определбата на државата за спроведување на преземените обврски за заштита на Охридскиот Регион, како и подготвеноста за продолжување на соработката со Република Албанија во рамки на постојните механизми, со цел обезбедување долгорочна и одржлива заштита на регионот.
Актуелно
- Приведен Германец кој сакал да влезе во Македонија
- Хаос на протестите во Тирана: Повредени полицајци и новинари
- Стручна конференција: Кој го изврши атентатот врз Киро Глигоров?
- Ваква зима Европа не памети повеќе од една деценија
- СДСМ: Корупцијата цвета – Македонија е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија
- Зајакнување на институционалните капацитети за справување со кривични дела против културното наследство и животната средина
- По цели 30 часа – се врати струјата во студентскиот дом во Охрид
- Бране Петрушевски: Колата на Апасиев пропуштена од денешните блокирачи


