Владимр Божиновски: ВМРО-ДПМНЕ останува единствената партија која треба да ги штити македонските национални интереси во Собранието

 

Признавање на една власт од меѓубароднатата заендница не е деоволен за политичка стабилизација на Македонија. Политичкиот аналитичар, Владимир Божиновски во интервју за Прес24, вели дека една власт може непречено да функционира само ако е признаена и прифатена од сите релевантни полигтички субјекти. Од тој аспект Божиновски не очекува нормализирање на состојбата во државата по евентуалниот избор на новата влада. За него ВМРО ДПМНЕ едноставно мора да остане на линјата на одбрана на националните интереси и тоа внатре во Парламентот

- Напуштање на Парламентот може само да и наштети на една политичка партија. Дополнително, во ситуација во која имаме коалиција на сите етнички Албанци со СДСМ (која и самата се профилираше како прва или втора опција кај Албанците) и предлог за прифаќање на т.н. „тиранска платформа“ што би значело сериозно редефинирање на Македонија како држава,  ВМРО-ДПМНЕ останува единствената партија која треба да ги брани и штити македонските национални интереси во Собранието, вели Божиновски во интервју за Прес24.

Евентуален брз прием на Македонија во НАТО или почеток на преговори со ЕУ, без решено има на државата, а како некаква награда за смена на власта, за Божиновски е немозможно сценарио. Сепак тој смета дека меѓународната заедница сега ќе очекува од СДСМ поголема флексибилност за името, како силната поддршка што ја добиваше.

-Македонија НЕМА АПСОЛУТНО НИКАКВА ШАНСА да влезе во НАТО, ниту пак ќе започне преговори со ЕУ се до изнаоѓање на решение за името со Грција. Без решено (променето) име, секое навестување за некаков прием во НАТО или започнување на преговори со ЕУ се во рамките на некое фиктивно сценарио за градење самодоверба или едноставно лажни ветувања и ништо повеќе.Очигледно е дека меѓународната заедница очекува многу помек став за името доколку се смени власта. Со оглед дека референдум не е обврзувачки, можно е брзо решение на името доколку СДСМ отстапи од македонските црвени линии. Секако дека за силната поддршка на СДСМ во изминатите неколку години меѓународната заедница ќе очекува нешто за возврат, а тоа е решение за името, исто како што за нивната поддршка, етничките албански партии од страна на СДСМ очекуваат за возврат прифаќање на т.н. „тиранска платформа “, вели Божиновски во интервјуто за Прес24.

Владимир Божиновски ги коментира и изјавите на екс лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски кој му порача на Груевски да го следи неговиот пример и да поднесе оставка на лидерската функција.

-Љубчо Георгиевски поднесе оставка по катастрофалниот пораз на ВМРО во 2002 година, што беше и единствена изборна победа на СДСМ во изминатите 27 години (ако не ја сметаме 1994 кога имаше бојкот на изборите од страна на ВМРО). Доколку една партија изгуби на избори, тогаш е логично лидерот да поднесе оставка, но на изборите во Декември победник беше ВМРО-ДПМНЕ така да нема причина за таков чекор на Никола Груевски. А, одредени промени се неопходни во секоја политичка партија, се разбира, вели Владимир Божиновски ви интервјуто за Прес24.

 

ПРЕС24: По настаните од Собранието многумина страуваат од можност за повторување на сценариото, со оглед на тоа дека следува најава за избор на Влада. Можне ли е нов сличен расплет на ситуацијата?

БОЖИНОВСКИ: Кога постои силно изразена конфликтна состојба во едно општество ништо не може да биде исклучено, иако сега е помалку веројатно тоа да се случи. Останува само прашањето на кого му одговараше таквото сценарио? Политичките партии се должни да ја смируваат, а не да ја создаваат тензијата во општеството. Тоа подразбира седнување на заедничка маса и договор за виталните интереси на државата, а не гласање на нов претседател на Собранието на начин на кој тоа беше сторено на 27 Април, надвор од сите протоколи и воспоставена пракса. Сеуште е нејасно дали имаше 61 пратеник кој гласаше за изборот на новиот спикер и со ова во старт се доведува легалноста и легитимноста на неговиот избор што може да има сериозни последици во идното работење на Собранието.

ПРЕС24: Клучната улога сега ја има претседателот на државата Ѓорге Иванов. СДСМ од него чека мандат, ВМРО ДПМНЕ од него чека одбрана на државните интереси. Можен ли е баланс меѓу овие барања?

БОЖИНОВСКИ: Претседателот Иванов и досега покажа дека за него се најважни интересите на државата и не потклекна пред сериозниот притисок да ја напушти оваа позиција и да го смени своето убедување. Можеме да очекуваме дека неговите идни потези ќе се базираат на истиот принцип.  

ПРЕС24: Со оглед на меѓународната поддршка и со оглед на решеноста на парламентарното мнозинство, тогаш за очекување е дека Влада ќе биде формирана со или без мандат од Иванов. Прашањето на кое засега се бара одговор е како Македонија ќе продолжи понатаму. Ако се следи искуството со Талад Џафери, веројатно паралелни институции не би имало, но јасно е дека за ВМРО ДПМНЕ оваа власт ќе биде нелегитимна?

БОЖИНОВСКИ: Безбројните правни и политички преседани и носењето одредени одлуки на сила, само ќе ја пролонгира политичката криза во која се наоѓа Македонија. Во таква ситуација не можеме да говориме за нормално функционирање на државата и институциите. Една власт може непречено да функционира само ако е признаена и прифатена од сите релевантни политички субјекти.

ПРЕС24: Опозиционите медиуми постојано пишуваат за опција за прогласување на воена состојба во која главна улога би имал Претседателот Иванов. Колку вакво сценарио е логично и изводливо?

БОЖИНОВСКИ: Ова сценарио служи само за заплашување на граѓаните со цел да се откажат од својот револт искажан преку протестите на „за заедничка Македонија“ и да се направи дополнителен притисок врз Претседателот на државата. Нема ниту еден аргумент или досегашна одлука на претседателот кое би го поткрепиле ваквото тврдење и затоа сметам дека дури и оние кои пишуваат за ова не веруваат дека едно такво сценарио би било возможно.

ПРЕС24: Колку би издржала една ваква власт на СДСМ и четири албански партии, особено ако се имаат предвид и последните јавни настапи на Заев, а кои се поврзани и со некои регионални заеднички интереси на Албанците?

БОЖИНОВСКИ: Уште во ноќта по изборите одржани на 11 декември и во повеќе наврати потоа, говорев дека единствен излез од кризата е формирање на консензуална техничка Влада со мандат да организира нови избори. Без разлика кој ќе ја формира Владата брзи предвремени избори се неизбежни, можеби и до крајот на годината. Ова мое тврдење го базирам врз повеќе аргументи и тоа:

Победник на изборите кај мнозинските етнички македонски гласачи беше ВМРО-ДПМНЕ за која се прави обид да се исклучи од идната Влада.

Коалиција во која членуваат сите етнички Албански партии, а која е против волјата на мнозинството етнички Македонци создава опасен преседан за во некоја идна Влада да бидат исклучени мнозинските или дури и сите етнички албански партии

Влада во која се заедно ДУИ и БЕСА како прва и втора етничка албанска политичка партија ја исклучува причината за постоење на двете и БЕСА како помала и понова партија може да се соочи со исчезнување. Истото важи и за партијата ДР-ДПА.

Коалиција на ДУИ и СДСМ само ги поттикнува гласачите енички Албанци кои гласаа за СДСМ, а претходно гласале за ДУИ, на следните избори повторно да гласаат за СДСМ, а ДУИ да се соочи со дополнителен одлив на гласачи.

Доколку СДСМ не им го испорача на Албанците тоа што им беше ветено за да бидат дел од новата коалиција, односно т.н. „тиранска платформа“ тие ќе се соочат со губење на кредибилитетот кај нивните гласачи што ќе биде причина да ја напуштат коалицијата. Со оглед дека ВМРО-ДПМНЕ може да го блокира носењето на таквиот закон во Собрание со илјадници амандмани ова е сосема возможна опција. Носењето пак на законот на сила може овие одлуки на Собранието да ги направи ништовни во иднина. Исто така, со ова само дополнително ќе се зголеми револтот кај граѓаните и тогаш ќе се соочиме со нова сериозна и непредвидлива криза која од политичка ќе прерасне во безбедносна.

ПРЕС24: ВМРО ДПМНЕ веројатно ќе продолжи на инстистирањето за нови избори и тоа заедно со локалните. Можни ли се нови брзи избори или пак прво ќе следи изборна трка само на локално ниво?

БОЖИНОВСКИ: Брзи предвремени избори секако ќе има, без разлика дали ќе бидат заедно со локалните или после нив. За граѓаните и буџетот на РМ, најдобро е тие да се одржат заедно.

ПРЕС24: Поранешниот лидер на ВМРО ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски го повика Никола Груевски да го следи неговиот пример и да поднесе оставка на лидерската функција. Можни ли се и дали се неопходни промени во ВМРО ДПМНЕ?

БОЖИНОВСКИ: Љубчо Георгиевски поднесе оставка по катастрофалниот пораз на ВМРО во 2002 година, што беше и единствена изборна победа на СДСМ во изминатите 27 години (ако не ја сметаме 1994 кога имаше бојкот на изборите од страна на ВМРО). Доколку една партија изгуби на избори, тогаш е логично лидерот да поднесе оставка, но на изборите во Декември победник беше ВМРО-ДПМНЕ така да нема причина за таков чекор на Никола Груевски. А, одредени промени се неопходни во секоја политичка партија, се разбира.

ПРЕС24: Во кој правец ќе се движи ВМРО ДПМНЕ во иднина? И Дали опцијата за напуштање на парламентот е политички логична?

БОЖИНОВСКИ: Напуштање на Парламентот може само да и наштети на една политичка партија. Дополнително, во ситуација во која имаме коалиција на сите етнички Албанци со СДСМ (која и самата се профилираше како прва или втора опција кај Албанците) и предлог за прифаќање на т.н. „тиранска платформа“ што би значело сериозно редефинирање на Македонија како држава,  ВМРО-ДПМНЕ останува единствената партија која треба да ги брани и штити македонските национални интереси во Собранието.

ПРЕС24: Многумина оценуваат дека политилчката криза не само што нема да заврши, туку за очекување е и нејзино продолабочување и по формирањето нова влада. Што ја чека Македонија?

БОЖИНОВСКИ: За смирување на состојбата и надминување на кризата, според мене постојат две опции. Првата е брзи парламентарни избори, а втората е ставање на платформата на албанците (т.н. тиранска платформа) „под мраз“ до следните редовни парламентарни избори. Додека не се исполни една од овие можности, кризата не само што нема да заврши, туку само дополнително ќе се продлабочи.

ПРЕС24: Можен ли е процес на некаков брз прием на Македонија во НАТО како бајпас за политичката криза и некаква „награда“ од меѓународната заедница за смената на власта?

БОЖИНОВСКИ: Мислам дека е досега јасно дека Македонија НЕМА АПСОЛУТНО НИКАКВА ШАНСА да влезе во НАТО, ниту пак ќе започне преговори со ЕУ се до изнаоѓање на решение за името со Грција. Без решено (променето) име, секое навестување за некаков прием во НАТО или започнување на преговори со ЕУ се во рамките на некое фиктивно сценарио за градење самодоверба или едноставно лажни ветувања и ништо повеќе.

ПРЕС24: Колку пак е веројатно дека овој ваков период може да се искористи за интензивирање на преговрите за името?

 

БОЖИНОВСКИ: Очигледно е дека меѓународната заедница очекува многу помек став за името доколку се смени власта. Со оглед дека референдум не е обврзувачки, можно е брзо решение на името доколку СДСМ отстапи од македонските црвени линии. Секако дека за силната поддршка на СДСМ во изминатите неколку години меѓународната заедница ќе очекува нешто за возврат, а тоа е решение за името, исто како што за нивната поддршка, етничките албански партии од страна на СДСМ очекуваат за возврат прифаќање на т.н. „тиранска платформа “. 

 

 

 

09.05.2017 - 10:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа