Владиката Петар: Секако дека црквата му помага на народот, редовно потсетуваме да се почитуваат мерките

Секако дека црквата му има помогнато на народот во време на пандемија, вели владиката Петар во изјава за „Фокус“, кој поради Ковид 19 е хоспитализиран во приватната болница Систина, заедно со Владиката Агтанагел.

 

Според Петар, помошта е во тоа што Црквата постојано апелирала да се почитуваат мерките.

„Секако дека сме помагале. Редовно на верниците им кажувавме дека мора да се почитуваат мерките. Имавме случаи кога верници дури и ни викаа зошто постојано тоа им го кажуваме, ги потсетуваме на мерките. Сепак, тоа е наша човечка должност“, вели владиката во изјава за „Фокус“.

Додаде дека ни тој ни Агатангел не биле со благи симптоми и имало причина што биле хоспитализирани. Зошто во приватна болница и дали немаат доверба во јавното здравство, ќе одговорел кога ќе излезел од болница.

„Кога бевме примени, нормално, плативме депозит. Дури откако ќе бидеме отпуштени од болница, ќе ја знаеме точната сума на лекувањето. Сакам да појаснам дека ние не сме овде туку – така, значи не бевме со благи симптоми, јас сум во ризичните групи, имам 75 години, додека Повардарскиот Митрополит Агатангел е девет години помлад од мене. Ако се било така лесно, немаше воопшто да бидеме хоспитализирани. Значи, со причина сме во приватна болница, молам за трпение, ќе појаснам се кога ќе излезам од болница“, вели Владиката Петар.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.04.2021 - 23:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега