Владиката Петар: Нашата црква нека биде веригата за обединување на Цариград и Москва и на православието

Ако некоја црква била повод за поделби или недоразбирања, нашава нека биде веригата за обединување на Цариград и Москва и општо на православието. Мислам дека може да биде ако од тоа се што досега се случувало извлечеме наворлучение – Македонија била јаболко на раздорот, а македонската црква нека биде синџирот за обединување на православието, рече Владиката Петар, митрополит Преспанско – Пелагониски, администратор Австрлиско – Новозеландски, во „Само интервју“ вечерва на Канал 5 телевизија.

Говорејќи за одлуката на Вселенската Патријаршија да ја тргне шизмата над нашата црква и да ја признае како канонска и валидна, Владиката Петар упати благодарност за донесената одлука и порача дека да се признае црквата како Охридска Архиепископија не треба да не загрижува. За нас е битно, истакна, дека ние сме признаени како црква.

– Да ја чувствувале своја и Бугарите и Грците и Албанците и Србите ќе ја обновеле, но никој не ја обнови, затоа што не ја чувствувале своја. Сега кога ние ја обновивме оти ја чувстувваме своја апсурдни се некои констатации, изјави Владиката Петар во однос на коментарите објавени во медиумите од некои во соседните држави – Охридска Архиепископија

Прашан што доколку не се најде решение во разговорите со СПЦ, тој потенцира дека „сме на прав пат и се надевам дека поскоро ќе дојде обединувањето на поделбите помеѓу Москва и Цариград“.

За Владиката Петар направениот попис бил политички, за да биде вистински, рече, има начин и методологија да се направи.

– Ние можеби ќе треба сега да си направиме наш попис православните според крештениците и да се утврди колку православни има во Републикава и колку не има во дијаспората, рече меѓу другото Владиката Петар, додавајќи оти сигурно две третини се надвор од татковината.

12.05.2022 - 20:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа