Владика Петар: Кога ќе излезам од болница ќе кажам зошто се лекувавме во приватна клиника!

Владиката Петар откако ќе излезел од болница ќе откриел зошто владиците се лекувале во приватна болница.

Тој во изјава за „Фокус“ рече дека и тој и Владиката Атагатангел се во добра здравствена состојба.

-Најпрвин да им порачам на верниците дека сум добар, чекам негативен тест, по што ќе бидам пуштен на домашно лекување. Исто и Владиката Агатангел е во добра состојба, тој беше хоспитализиран една недела после мене. На вашето прашање зошто ние, Владиците се лекуваме од Ковид-19 во приватната болница Систина, и дали немаме верба во јавното здравство, ќе го дадам одговорот кога ќе излезам од болница, вели за ,,Фокус” Владиката Петар.

Сепак, Владиката Петар, кој веќе 20 дена бил хоспитализиран, вели дека не знае точно колку ќе изнесува нивното лекување.

-Кога бевме примени, нормално, плативме депозит. Дури откако ќе бидеме отпуштени од болница, ќе ја знаеме точната сума на лекувањето. Сакам да појаснам дека ние не сме овде туку – така, значи не бевме со благи симптоми, јас сум во ризичните групи, имам 75 години, додека Повардарскиот Митрополит Агатангел е девет години помлад од мене. Ако се било така лесно, немаше воопшто да бидеме хоспитализирани. Значи, со причина сме во приватна болница, молам за трпение, ќе појаснам се кога ќе излезам од болница – вели Владиката Петар.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.04.2021 - 11:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега