Владата: Софија нема побарано Бугарите да влезат во Уставот

Министерот за надворешни работи Бујар Османи синоќа во емисијата „Клик плус“ на ТВ21 изјави дека Бугарите во земјава треба да се чувствуваат како слободни граѓани, кои ќе ги имаат сите права.

„Бугарите во Северна Македонија треба да се чувствуваат како апсолутно слободни граѓани кои може да се организираат како колективна заедница, и ќе ги имаат сите права, па ако треба и нивно споменување во Уставот“, вели Османи  додаде дека од Бугарија сепак не побарале такво нешто.

Од Владата за „Независен весник“ велат дека Македонија е граѓанска држава и нашиот устав ги гарантира правата на сите граѓани без оглед на нивната етничка припадност.

Во изјавата се додава дека досега во преговорите со Република Бугарија не е разговарано бугарската етничка заедница да биде вметната во нашиот устав и нема такво барање од бугарските власти.

„Етничката разноликост е тоа што ја прави земјава препознатлива во светот и со што треба сите да се гордееме. Владата секогаш ќе презема проактивни активности кои се во функција на јакнење на правата на секој поединец или група“, велат од Владата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.03.2021 - 17:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега