Владата предлага измени на Законот за финансирање на политичките партии

На предлог на Министерството за правда, на синоќешната седница на Владата беше рзгледан Предлогот за изменување на Законот за финансирање на политичките партии.

Како што се наведува во соопштението од владинта прес-служба, со Предлог-законот за изменување на Законот за финансирање на политичките партии се уредени начинот и постапката за обезбедување на финансиските средства, располагање со средствата за тековната работа и дејствување на политичка партија, како и начинот на контрола на финансирање и финансиско-материјалното работење на политичките партии.

-Согласно Законот за финансирање на политичките партии процентот за исплата на средства е  0,15% од основните приходи на Буџетот на Република Северна Македонија во тековната година. Предлог-законот е потребен заради усогласеност со претходно донесени уредби, се наведува во соопштението

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.11.2020 - 11:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега