Владата официјално го објави договорот со Грција

 

 

Владата на денешната седница го декласифицира договорот со Грција за решавање на спорот со името и го стави на увид на јавноста.

Договорот, како што информира, вечерва на прес-конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски веќе е објавен на веб страницата на Владата.

Нагласи дека се уште не е прецизиран датумот за средбата меѓу премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас на која треба да биде потпишан договорот, но напомена дека утре ќе има повеќе информации и ќе се знае точно кога и каде ќе се одржи средбата.

- Во текот на утрешниот ден точно ќе знаеме, ќе ве информираме, ќе одржиме брифинг во однос на потпишувањето. Во моментов не е позната точната локација и исто така не е утврден денот кога ќе биде. Утре попладне може малку подоцна ќе знаеме се, рече Бошњаковски.

Целосниот договор почитајте го ТУКА

 

 

 

 

14.06.2018 - 20:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа