Владата одобри целодневна настава во училиштата

Владата на денешната седница одобри целодневна настава во училиштата, откако препорака за тоа вчера даде Комисијата за заразни болести, јавува Сител.

Како што информира телевизијата, на седницата во целост било прифатено мислењето на Комисијата целодневната настава да биде до 15 часот и тоа за учениците кои се пријавени за физичко присуство и родителите не се во можност да ги земат од училиште во 11 или 12 часот кога завршуваат часовите согласно протоколот за работа.

Владата се одлучила за целодневна, а не за дневен престој за да не се мешаат групите на ученици и да се почитуваат протоколите за заштита од Ковид 19. 

Сител дознава дека на владината седница била донесена одлука и за отворање на дневни центри за лица со попреченост како и посебни протоколи за работа на игротеките.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.09.2020 - 15:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега