Владата одлучи: Кризна состојба во снабдување со топлинска енергија во Скопје

 
На втората седница на Владата, вечерва е донесена и Одлука за постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија. 

„Со оваа одлука, донесена на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, се утврдува постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на град Скопје, заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија“, информираат од прес-службата на Владата.

„Со денот на влегувањето во сила на оваа одлука, на предлог на Комисијата за следење на состојбите со снабдување со топлинска енергија која што ја формираше Министерството за економија, ќе се преземат мерки и активности во врска со обезбедување дополнителни количини на топлинска енергија согласно утврдената кризна состојба, согласно Законот за енергетика и Уредбата за критериумите и условите за прогласување на кризна состојба во случаи на временски и природни непогоди, хаварии и нарушувања на пазари на топлинска енергија“, се додава во нивното соопштение.
17.01.2022 - 23:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега