Владата ќе го плати патувањето на Атиџе и екипата на „Медена земја“ на Оскарите

Владата на денешната седница донесе одлука за оддавање признание на авторите и протагонистите на филмот „Медена земја“ Honeyland, кој по серијата највисоки меѓународни филмски признанија, е номиниран за највисоката филмска награда „Оскар“ во две категории.

-Обезбедуваме материјална помош и домување за Атиџе Муратова и осумчленото семејство што учествуваше во филмот, а за авторите, пет-члената екипа која го сними филмот признание за успехот и месечен материјален надомест.
За широка афирмиција на големите и благородни пораки што ги пренесува филмот, Владата ќе ја поддржи организацијата на серија едукативни настани за темите што ги отвора филмот, и организирано прикажување на филмот „Медена земја“ во сите средни училишта во земјата, на универзитетите и во домовите на култура, како и заедничко гледање на филмот со децата од малите групни домови, и лицата од социјален ризик.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.01.2020 - 21:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега