Владата ја усвои Програмата за работа во 2021-ва, приоритети ЕУ- владеење на правото, здрава животна средина

Владата на денешната седница ја усвои Програмата за работа во 2021 година.

Програмата, како што наведува владината прес-служба, е целосно во функција на остварување на стратешките приоритети: обезбедување забрзан и одржлив економски раст, повисок животен стандард и квалитет на живот на граѓаните, справување со КОВИД-19, успешно водење на пристапните преговори со ЕУнија, владеење на правото, независност на правосудството, доследна и неселективна борба против криминалот и корупцијата со широка и обврзувачка транспарентност; квалитетно образование достапно за сите согласно побарувачката на пазарот на трудот, модерна и ефикасна јавна администрација базирана на дигитализација која обезбедува квалитетни и брзи услуги за граѓаните и деловните субјекти,  целосно спроведување на Охридскиот рамковен договор и градење граѓанска држава со етничка и социјална кохезија врз принципите на меѓусебна толеранција и почитување.

Меѓу приоритетите е и заштитата на животната средина преку зелен развој, намалување на аерозагадувањето и влијанието на климатските промени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.01.2021 - 19:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега