Владата го усвои Буџетот за 2014 - трошоците нема да надминат 3 милијарди евра

Владата на седница доцна вечерва го усвои Буџетот за 2014 година, јавува еВести. Проекциите за вкупните расходи за идната година ќе бидат соопштени најверојатно утре, но според неофицијалните инфорамции, нема да надминат 3 милијарди евра.

Во буџетот за 2014 година предвиден е раст на домашниот бруто-производ (БДП) од 3,2 проценти, инфлацијата е проектирана на 3,3 проценти, а буџетскиот дефицит на 3,5 отсто од БДП. Премиерот Никола Груевски веќе соопшти дека догодина ќе пораснат пенизиите за 5 отсто за колку ќе се зголеми и надоместокот за социјална помош од март, а на платите во јавниот сектор за истиот процент од октомври. Владата испланира и зголемување на капиталните расходи за инвестиции, градби, патишта, улици, водоводи, канализациски системи.

 

 

19.09.2013 - 23:34

најчитано сега