Владата го разреши Исени, тој се заблагодари: „Функцијата не може да те направи нешто што не си бил"

 

Владата го разреши Џеват Исени од функцијата неизвршен член на Одборот директори на акционерското друштво за стопанисување со деловен простор, со што автоматски му престанува и функцијата Претседател на Одборот на директори на АДСДП, по скандалозната снимка со пиштол на свадба, за кој тој тврди дека е гасен.

Тој се заблагодари на Фејсбук и напиша дека функцијата не може никогаш да те направи нешто што не си бил.

- „Секогаш бев, сум и ќе бидам сервис на граѓаните и ќе се борам за правичност, одговорност и законитост во државата. Од низа ситуации во животот човекот учи дека функцијата не може никогаш да те направи нешто што не си бил, тоа го носиш во себе, а тоа се основните клучни работи на една личност – одговорност, лојалност и правичност“, напиша Исени на фејсбук.

 

За потсетување, веќе поранешниот претседател на бордот на директори на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, Џеват Исени, се пофали со скандалозна снимка, на која се гледа како на свадба се весели со пиштол на појасот, а снимката ја објави Канал5.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.07.2019 - 08:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега