Владата го декласифицираше и го усвои договорот со Грција

 

Владата на Република Македонија вечерва го разгледа и усвои договорот за решавање на македонско грчкиот спор со името, соопшти владиниот потпарол Миле Бошњакоски.

Тој е достапен на следниот линк.

- Владата на РМ едногласно го разгледа и усвои извештајот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство и донесе одлука да го декласифицира договоорт. Веќе е закачен на веб страницата на Владата и целата македонска јавност има пристап до истиот. Договорот е насловен - Конечна спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 и 845 на Советот за безбедност на Обединетите нации за престанување на важноста  на Времената спогодба од 1995 и за воспоставување стратешко партнерство меѓу страните, рече Бошњаковски.

Во текот на утрешниот ден ќе се знаат локацијата и точниот датум кога ќе биде потпишувањето на договорот со Грција.

 

 

 

14.06.2018 - 19:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа