Владата ги продолжи договорите на сите членови на историската комисија, освен на Литовски

Единствено на Александар Литовски не му бил продолжен договорот како што тоа било направено со останатите членови на историската комисија со Бугарија, дознава „Република“ од извори на комисијата.

На членовите на кои договорите им истекле на 30 јуни и веднаш им биле продолжени на уште една година, но не и на Литовски. Тој немал договор се до ноември кога потпишал двомесечен договор кој истекол на 31декември 2020 година што потврдија и од Владата во изјава за „Фокус“.

Литовски во повеќе наврати ја критикуваше бугарската политика кон Македонија, историските аспирации како и задирањето во идентитетот. За Каракачанов пак велеше дека секое негово доаѓање во Македонија е политичка провокација. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.01.2021 - 11:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега