Владата ги ограничи новинарите: На Петков и Ковачевски можете да им поставите само 1 прашање

И покрај тоа што прес конференцијата на двајцата премиери ја следеа огромен број на новинари од земјава и од соседна Бугарија, владината прес служба им забрани на новинарите да постават повеќе од 1 прашање за македонскиот и едно прашање за бугарскиот премиер.
Владините портпароли побарале од сите македонски новинари, повеќе од 20, да се договорат за едно прашање за Ковачевски и едно прашање за Петков и им најавиле дека во случај да се обидат да постават повеќе од 1 прашање, ќе бидат „дрско“ прекинати.
Иста порака добиле и бугарските колеги.
На тој начин, многу од прашањата чии одговори граѓаните ги очекуваа на денешната прес конференција останаа неодговорени.
Инаку, ова не е ништо ново кога станува збор за прес конференции на кои се обраќаат претставници на други држави. Владината прес служба редовно ја ограничува можноста за поставување на прашања, што веројатно е претходен договор меѓу протоколарните служби на двете страни.


 

18.01.2022 - 13:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега