Владата денеска ќе ја одржи 144-тата седница

 

Владата денеска ќе ја одржи 144-та седница, со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

На денешната седница, како што е најавено од владината прес-служба, ќе биде разгледан Извештајот за извршените преговори со усогласен текст на меморандумот за разбирање помеѓу Агенцијата за поддршка на претприемништво на Република Македонија и Бугарската агенција за промоција на мали и средни претпријатија при Министерство за економија на Република Бугарија.

На предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, на оваа седница ќе биде разгледана Предлог – програмата за изменување и дополнување на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2019 година, како и Информацијата за проширување на Програмата за наводнување на Република Македонија преку обезбедување дополнителни средства од развојниот заем на Владата на СР Германија и КФВ банката.

По предлог на Секретаријатот за европски прашања на седницата ќе се разгледува и Информација за потпишување на Спогодба за финансирање помеѓу Европската комисија и Владите на Република  Македонија и Република Косово за Акциската програма за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Косово за 2018-2020 година.

Министрите во Владата на денешната седница ќе се запознаат со Информацијата за реализација на воннаставните активности во училиштата поврзани со антикорупциска едукација на учениците.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.07.2019 - 10:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега