Влада: Забрана за движење на граѓаните од 16 до 05 часот за време на викенд

Владата на Република Македонија информираше дека за време на викендот полицискиот час ќе трае од 16 часот попладне до 5 часот наутро.

„Со цел уште поголема заштита на населението од ширењето на коронавирисот, Владата денеска донесе одлука за дополнителна рестрикција на движењето на населението за време на викенд.

Се забранува движењето на сите граѓани за време на викенд (сабота и недела) од 16 часот до 05 часот!

Остануваат на сила и сите други претходно донесени забрани“, информираа од Владата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.03.2020 - 17:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега