Дозволете ми да ве информирам за последната одлука којашто беше донесена на денешната редовна 134 владина седница. Беше усвоен предлогот за разрешување на Љупчо Коцевски од функцијата јавен обвинител со што ја продолжуваме постапката која согласно законските ограничувања беше привремено стопирана во изборниот период, изјави портпаролката Марија Митева на вонредната прес-конференција пред Владата.
„Причините за оваа иницијатива се јавно познати повеќепати до сега ги имаме образложено како Влада, доследно, транспарентно и во интерес на заштита на институционалниот интегритет и одговорност. Нашата цел останува недвосмислена. Јакнење на правната држава и обезбедување на непречено функционирање на органите во служба на граѓаните.
Врз основа на членот 88 став 1 од Законот за јавното обвинителство, а по претходно добиено мислење од страна на Советот за јавни обвинители му предлага на Собранието од функцијата јавен обвинител на Република Македонија да го разреши Љупчо Коцевски, поради направени крупни професионални грешки при раководењето со Јавното обвинителство што доведува до нарушување на ефикасноста и функционалноста на Јавното обвинителство.
Неовластено изнесување на информации, податоци за судски предмети со што ја повредил обврската за заштита на тајноста на постапката согласно закон.
Нарушување на угледот на Јавното обвинителство и неговиот личен углед.
Не постапувајќи согласно обврските што се предвидено со Уставот, законите и меѓународните договори ратификувани во согласно со Уставот.
Како последица на сторените повреди по изминатиот период, евидентна е нарушената функционалност на Јавното обвинителство и сериозно е нарушен интегритетот на истата, согласно членот 27 став 1 од Законот за јавно обвинителство, токму јавниот обвинител е одговорен за општите состојби, за организирањето и извршување на функциите на Јавното обвинителство.
Постапувајќи на овој начин јавниот обвинител Љупчо Коцевски, флагрантно ја повреди должноста да го чува угледот на функцијата што ја врши предвидена во член 82 став 1 од Законот за јавно обвинителство.
Имајќи го предвид наведеното Владата му предлага на Собранието да го разреши од функција јавниот обвинител на Република Македонија, Љупчо Коцевски“, кажа Митева.
Актуелно
- Хорор го потресе светот: Угледен професор со години спиел со 26 кукли направени од женски лешеви
- (ВИДЕО) Чудо на античкиот свет: Пирамидите во Гиза не биле како денес – Погледнете како изгледале пред 4.500 години
- „Ситуацијата се менува“: Трамп проговори за Иран, огромна американска „армада“ подготвена за напад наскоро
- Автобус удри малолетник во Скопје: Пешакот итно пренесен во болница
- Полна Месечина во Лав на 1 февруари: Емотивни пресврти и големи шанси за четири хороскопски знаци
- Трагедија на протест во Бразил: Гром погоди толпа луѓе, повредени се најмалку 89 лица
- Трамп по убиството во Минесота: Трагедијата е резултат на „непријателскиот отпор“ на Демократите
- Потоп во Грција: Паднаа над 100 литри дожд, сателитите снимија десетици илјади молњи

