Влада: Неосновани се наводите во писмото на Транспаренси Интернешнл Македонија

Во врска со веста објавена во медиумите во која со писмо Транспаренси Интернешнл Македонија (ТИМ) посочува дека Владата постапува спротивно на Закон, а во врска со барања за пристап до информации од јавен карактер, Владата чувствува потреба да ја информира јавноста дека тие наводи се неосновани, стои во реакцијата на Владата.

„Во врска со барањето кое ТИМ го достави на 13 јуни 2018 година, Генералниот секретар на Владата, како надлежно лице, донесе решение со кое се одбива барањето, апсолутно почитувајќи ги законските одредби. Испочитувани се сите одредби согласно Законот и е постапено согласно истите, со што е утврдено дека барањето на ТИМ се одбива, бидејќи издавањето на бараната информација, претставува информација стекната или составена за истрага, кривична или прекршочна постапка, чие давање би имало штетни последици за текот на постапката“, велат од Владата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.03.2019 - 16:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега