Влада: Изминатото деноноќие произведени 11.787 мегават часови електрична енергија
АД ЕСМ вчера произведе 11.787 мегават часови електрична енергија со што 100-отсто се покриени потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.
Во Термоелектраните се произведени 7.727, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци 4.060 мегават часови електрична енергија, информира Владата.
-Во изминатото деноноќие ЕСМ набави 4.580 мегават часови електрична енергија за дополнително снабдување преку „ЕСМ продажба“. Оваа количина е наменета за задоволување на потребите што произлегуваат од дополнителните обврски преземени за снабдување со електрична енергија на болници, градинки и други објекти од виталната инфраструктура во државата, соопшти Владата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа