Влада и официјално го одложи второто полугодие: МОН ќе ги адаптира наставните планови

Владата и официјално објави дека на денешната втора, редовна седница  донесе одлука почетокот на второто полугодие на учебната година за основните и средните училишта да се одложи, односно наставата со физичко присуство да продолжи на 1 февруари, согласно заклучокот од Главниот координативен кризен ковид-19 штаб и согласно епидемиолошките информации дека земјата се наоѓа во пик на заразата.

-Одлуката второто полугодие да продолжи на 1 февруари нема да влијае на крајот на учебната година и таа ќе заврши на 10 јуни како што е предвидено во календарот за настаната програма за основно и средно образование, со соодветна адаптација на наставните планови. Како дел од одлуката за одложување на стартот на второто полугодие на учебната година се и задолженијата и укажувањата за Министерството за здравство, Министерството за образование и наука, Секторот за односи со јавност во Владата на Република Северна Македонија, Јавното претпријатие МРТ да упатуваат апели до учениците и родителите максимално да се придржуваат до мерките и препораките за заштита од ковид-19, во домашни услови и на отворено, се вели во дописот од Влада.

 

17.01.2022 - 23:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега