Вкупно 22.538 активни случаи на коронавирус во Македонија - 4 градови со над 1.000 заразени

Во последните 24 часа се направени 2995 тестирања, а регистрирани се 984 нови случаи со Ковид-19, починати се 24 лица, а 631 се оздравени, информира Министерството за здравство.

Вкупната бројка ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 67311, бројката на оздравени пациенти е 42872, на починати е 1901, а бројот на активни случаи изнесува 22538.

Скопје и понатаму останува најголемо жариште на вирусот каде во моментов има 10.852 активни случаи, Гостивар каде има 1.105, Тетово 1.071 и Прилеп 1.044 активни случаи.

Од вчера се евидентираат три контролни теста, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 29198, активни 10852
• Куманово 3992, активни 900
• Дебар 503, активни 137
• Штип 2871, активни 539
• Прилеп 3339, активни 1044
• Тетово 4070, активни 1071
• Струга 1603, активни 487
• Велес 2178, активни 715
• Битола 2373, активни 961
• Охрид 1781, активни 615
• Кавадарци 1438, активни 570
• Гостивар 2820, активни 1105
• Гевгелија 827, активни 279 (63 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 142 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 1842, активни 578
• Крива Паланка 479, активни 149
• Радовиш 465, активни 119
• Крушево 143, активни 75
• Кочани 1317, активни 255
• Пробиштип 387, активни 94
• Демир Хисар 208, активни 72
• Македонски Брод 183, активни 42
• Пехчево 107, активни 20
• Берово 412, активни 114
• Валандово 230, активни 66
• Виница 386, активни 132
• Делчево 532, активни 261 (154 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 169, активни 46
• Свети Николе 891, активни 220
• Кичево 1366, активни 458
• Ресен 514, активни 208
• Неготино 687, активни 354 (102 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.12.2020 - 18:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега