Вкупно 11 полицајци се здобиле со повреди на протестот за „Монструм“ - 8 демонстранти биле приведени

Вкупно 11 полициски службеници се здобиле со повреди во вчерашниот протест за „Монструм“, информираат од МВР. За среќа, станува збор за полесни повреди.

Во полициска станица биле приведени 8 демонстрантина кои ќе им биде поднесена кривична пријава за „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“.

Поради безбедносни проценки демонстрантите биле запрени на Бит Пазар.

Нападнати беа и новинарски екипи.

Да потсетиме, протестот беше организиран поради незадоволството на семејствата на обвинетите во случајот „Монструм“ по изрекување доживотни казни затвор на обвинетите Халил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ, единствена казна затвор од 15 години за обвинетиот Фејзи Азири и единствена казна затвор од девет години на обвинетиот Хаки Азири, обвинети за петкратното убиство на пет лица кај Смилковското Езеро на 12 април 2012 година. За обвинетиот Сами Лута, се одбива обвинението, поради откажување на јавниот обвинител.

Кај Смилковското езеро беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.02.2021 - 14:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега