Вклучен црвен метео аларм во Австрија и Германија, се очекуваат уште 3 метра снег

Илјадници жители се без струја или заробени во домовите пред снежната прекривка која расте од час во час.

Австрија и Германија се соочени со големо снежно невреме , а алармот поради заканите од лавини е на највисок , петти степен.

Се предвидува дека снежните врнежи нема да запрат до понеделник , а со тоа и проблемите на жителите од областите Баварија , Штаерска, Тирол и Салцбург.

Во 11 часот во градот Марктшеленберг дојде до лавина , поради што е прогласена вонредна состојба.

Се очекуваат нови три метри снег , иако дежурните служби веќе се преморени од деноноќното интервенирање. Откажан е и женскиот натпревар во скијање , што во сабота и недела требаше да се одржи во австрискиот ски центар Сент Антон.

Наносите на нов снег предизвикаа кинење на електричните далноводи , уривање на куќи и застој на патиштата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.01.2019 - 16:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега