Вистинската симболика на „чокер“ ланчињата - дали повторно ќе ги носите после ова

 

Во деведесетите чокер ланчињата беа неизоставен моден детаљ, а сега полека се враќаат во мода. Но, дали знаете што тие навистина претставуваат?Како и се останато и модните детали се повторуваат низ историјата. Можеби мислите дека некогаш популарните „чокер“ ланчиња настанале во 90-тите години на минатиот век, но тие всушност биле присутни долги години низ историјата, а во секоја епоха означувале нешто друго. Ги носеле и Кинези, Индијанци, Индијци, древни Египќани…а за сите нив тие претставувале поинакви работи.

1798 година

Во време на Француската револуција, жените носеле чокер ланчиња во црвена боја, за да оддадат почит на оние кои завршиле на гилотина. Ланчињата биле во форма на лента, а освен на вратот можеле да се носат и како модни детали на облека, па така во главно се вкрстувале во облик на буквата Х на грбот.

1860 година

Во ова време, чокер ланчињата не претставувале ништо за пофалба. Имено, црните траки околу вратот на девојките во главно значело дека се наоѓате во друштво на проститутки. Еден пример за тоа може да се пронајде во оваа слика „Олимпија“.

Сепак можело да поминат и како обичен моден детаљ, барем доколку судите по сликите на Едгар Дег – таму балерините често околу вратовите ги носат овие црни траки.

coker-ogrlice (3)

Крај на 19. и почеток на 20. век

Наскоро и дамите од високото општество тргнаа по модата чокер, па секаков вид од овие ланчиња може да видите вратот на кралиците. Така Александра од Данска, сопруга на Едвард VII и царицата на Индија прослави сосема одреден тип на чокер ѓердани.

coker-ogrlice (2)

Всушност, во нејзино време се носеле чокер ѓердани од бисери, кои го опфќале целиот врат. Тие биле популарни и имале скапоцен камен во средината. Александра од Данска ги вовела во мода широките чокер ѓердани од бисери и дијаманти, а наскоро таа станала позната како “ланче за куче”.

После ова чокерите не беа многу во мода, а потоа настапиа 90-тите години и популарните чокер ланчиња во форма на лажна тетоважа – сигурно се сеќавате на нив, а веројатно и самите вие сте ги носеле.

 

 

 

27.05.2018 - 15:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа