Вистинска мистерија: Место со 1.200 жители во срцето на Ломбардија нема ниеден заразен со коронавирус

Град на северот од Италија, во срцето на Ломбардија, на 45 километри оддалеченост од Милано, под името Ферера Ербонјоне со 1.200 жители и понатаму нема ниеден заразен од коронавирус.

Жителите од ова место тврдат дека ги преземале сите превентивни мерки од првиот ден и дека денес се горди на податокот дека немаат заразени лица.

Градоначалникот Џовани Фасина ги известил сите семејства дека до 2. април ќе може да нарачаат тестови за крвна анализа во лабораторија во блискиот град Саназаро де Бургудни за детално да проучат што може да биде причина за овој феномен.

„Верувам дека тоа не е до генетиката. Ние сме како и сите останати. Очигледно е дека жителите ги почитуваат мерките за претпазливост и наредбите. Сигурно сите сметаат дека е потребно строго да се држиме до упатствата. Имале и постара популација и висока просечна старост на населението, тука е сигурно голема чувствителноста“, рекол Фасина, пренесува ЛаСтампа.

Анализите ќе бидат бепластни, а оние кои нема да можат да отидат до Павија, анализите ќе може да ги направат дома.

Целта е да се истражат антителата за да се победи коронавирусот. Хипотезата е дека всушност постои нешто во имунилошкиот систем на жителите во овој град што би можело да објасни зошто никој не е позитивен на коронавирусот и што би можело да го запре ширењето во цела Италија и светот.

Целиот процес ќе го следат надлежни регионални тела.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.04.2020 - 12:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега