Вистината за снимката која го згрози регионот: Му смееле додека умирал, а тој спасил илјадници животи

Снимката направена во Мостар во која се гледа смрт во живо предизвика бурни реакции, затоа што лицата кои ја направиле постојано се смееле во автомобилот, меѓутоа кога пријателот на починатиот Миленко ја објавил позадината на несреќата, многумина се запрашале до каде стигнало човештвото.

Имено, додека мажот кој ја снимал смртта на Миленко Пудар, низ смеа го коментирал „пијаниот возач“, Миленко преживувал драма затоа што имал напад од шеќерна болест.

Миленко Пудар од Бања Лука имал дијабет, а се занимавал од детерминирање на мини, па во животот има исчистено илјадници хектари земја која им била враќана на семејствата кои живеат од земјоделие.

-Кога се занимавате со една од најопасните професии на светот, тогаш единствен лек е да се биде позитивен секојдневно. Таков беше всушност Миленко, имаше лек за се, освен за својата шеќерна болест - пишува Деан Савиќиќ од Бања Лука со од Миленко се збогуваше на Фејсбук.

-Години од својот живот помина во шуми откопувајќи мини и молејќи му се на Бога да помине мирно и тишината да не ја прекине експлозија, а веќе еднаш беше сведок на трагедијата на својот колега. Во својата кариера спасил илјадници животи, а ние вчера не успеавме еден единствен, неговиот живот - наведува Деан.

-Човекот кој го снимал веројатно не знаел дека душата на Миленко во тој момент се смеела, бидејќи заминала сама во смрт и не однела некој друг, што веројатно би било случај да наместо на автобус удрел во автомобил. Не настрада вчера Миленко, тој со своите дела ќе продолжи да живее, настрадавме сите ние - заклучил Савиќиќ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.05.2019 - 10:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега